Скопјанец баран со централна потерница и во бегство од 2024 година е лишен од слобода рано утринава во скопското село Арачиново, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, во координација со Интервентната полиција, околу 5:30 часот го лишиле од слобода С.И. (44) од Скопје.
Тој бил баран за издржување затворска казна од пет години за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, согласно член 215 став 3 од Кривичниот законик.
Од МВР информираат дека С.И. бил во бегство од 2024 година.
По лишувањето од слобода, тој е предаден во Полициската станица од општа надлежност Гази Баба за понатамошна постапка.












