вторник, септември 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МВР трага по 32-годишен скопјанец кој исчезнал кај Охридското езеро: Таткото на...

МВР трага по 32-годишен скопјанец кој исчезнал кај Охридското езеро: Таткото на брегот ги пронашол неговите алишта, мобилниот телефон и гумен чамец

0

Маж од Скопје вчера во 18.10 часот во СВР Охрид пријавил дека неговиот 32 годишен син кој престојувал во авто-камп во Охрид е исчезнат.

Претходно, таткто на плажата на езерото пронашол дел од неговите алишта, мобилен телефон, како и гумен чамец.

Од МВР ја потврдуваат информацијата додавајќи дека спасувачки екипи се на терен и дека потрагата е во тек.

„Веднаш по добивањето на пријавата, полициски екипи од езерската полиција и од СВР Охрид заедно со членови на спасителската планинарска служба и на нуркачки тим од нуркачкиот клуб „Охрид”, вршат пребарување во езерските води и на копно со цел негово пронаоѓање и расчистување на настанот“ велат од МВР.

ИЗДВОЕНИ