Кипар нема да учествува во никакви воени операции поврзани со конфликтот во Иран, но ќе се фокусира на својата хуманитарна улога, изјави денес кипарскиот претседател Никос Христодулидес, пренесе „Гардијан“.
Христодулидес, за време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон на Кипар, изрази благодарност за поддршката на Париз за Никозија.
– Кипар и Франција се поврзани со силно и трајно стратешко партнерство. Во време на криза, ова партнерство конкретно се одразува во тесна соработка и активна солидарност – рече Христодулидес.
Макрон го посети Кипар и се сретна со Христодулидес и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, на која средба најави „чисто одбранбена“ мисија за отворање на Ормутскиот теснец.












