Поранешното кино „Партизан“ при Народниот театар во Битола ќе прерасне во мултифункционален објект којшто ќе може да се користи и за кино, за театар, за изложби и за други настани, а ќе биде и самоодржлив. Неговата реконструкција ќе започне за една недела. Ова го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при вчерашната посета на Битола заедно со премиерот Христијан Мицкоски. Министерот Љутков информираше дека веќе е потпишан договорот со изведувачите и со надзорниот одбор и нагласи дека за оваа реконструкција се одобрени 96 милиони денари

 

Поранешното кино „Партизан“ при Народниот театар во Битола ќе прерасне во мултифункционален објект којшто ќе може да се користи, за кино, за театар и за изложби и за други настани, а ќе биде и самоодржлив. Неговата реконструкција ќе започне за една недела. Ова го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на Битола заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот Љутков информираше дека веќе е потпишан договорот со изведувачите и со надзорниот одбор и нагласи дека за оваа реконструкција се одобрени 96 милиони денари.

Градоначалникот енари.Коњановски, пак, се пофали дека во Битола веќе има 10 градилишта.

-Дел се започнати, дел ги завршуваме, сè со цел она што им го ветивме на граѓаните и она што го очекуваат пред се во делот на инфрастуктурата да го довршиме – истакна Коњановски.

При посетата на Битола, беше извршен увид на повеќе градежни активности, меѓу кои на спортско рекреативниот центар, познат како боксерска сала на самиот влез во кругот на стадионот „Петар Милошески“, каде што е почната изградбата на спортската сала со површина од над 1.000 квадратни метри. Потоа, беше направен увид и во започнатите градежни активности на дооформувањето на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“, на трите детски градинки кои се во изведба, како и на изградбата на влезот во Битола, од страната на Прилеп – Скопје, со новото булеварско решение, во должина од километар и триста метри.

Премиерот Мицкоски нагласи дека се завршува и поставувањето на топловодната мрежа во Битола.

-Топлификацијата се завршува, се почнува пречистителна станица, се градат улици, булевари, паркови, училишта, градинки, влезот во Битола. Кога сè ќе се анализира и собере повеќе од 100-ина милиони евра, влегуваат сигурно во Битола во идниот периодот. Битола е во рамките на нашиот периметар на најголем фокус, така било и така и ќе остане“ – потенцираше Мицкоски.

(А.П.)

 

ИЗДВОЕНИ