среда, септември 16, 2026
Дома СВЕТ Киев развива оружје што би можело да го промени војувањето

Киев развива оружје што би можело да го промени војувањето

0
EPA/DARYNA NAUMOVA

Украина тестира ново домашно оружје за пресретнување беспилотни летала, а првиот успешен погодок бил забележан во текот на ноќта, соопшти претседателот Володимир Зеленски. Според него, новиот украински систем успешно уништил дрон од типот „Шехид“, но потребни се дополнителни технички подобрувања пред неговата поширока употреба.

Зеленски додаде дека паралелно продолжува работата и на други украински тимови кои развиваат нови решенија за противвоздушна одбрана.

Украинската војска соопшти дека во текот на ноќта нејзините сили собориле вкупно 187 воздушни цели. Зеленски тврди дека биле пресретнати 93 проценти од руските дронови употребени во нападите, оценувајќи го резултатот како значаен.

Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Украина забрзано развива технологии за борба против беспилотни летала, со посебен фокус на поевтини дронови-пресретнувачи. Украинските сили, сепак, имаат поголеми тешкотии при пресретнувањето руски балистички ракети и бараат од западните сојузници дополнителни системи и ракети-пресретнувачи.

Киев истовремено се залага за забрзан развој на европскиот систем за противвоздушна одбрана „Фреја“.

ИЗДВОЕНИ