среда, септември 30, 2026
Дома СВЕТ Киев под напад на руски ракети и дронови: Загинаа тројцата, меѓу нив...

Киев под напад на руски ракети и дронови: Загинаа тројцата, меѓу нив и дете/ВИДЕО

0
screenshot X

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а седум беа повредени во руски воздушни напади извршени рано во средата врз украинскиот главен град Киев и околниот регион, соопштија официјални лица.

Две лица загинаа, а четворица беа повредени во главниот град, објави Воената управа на градот Киев на Телеграм, додека градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека избувнале пожари кои зафатиле приватни куќи, како и една продавница и магацин.

Руслан Кравченко, гувернерот на регионот Киев, на Телеграм објави дека едно дете загинало, а три лица биле повредени во руски напад со ракети и беспилотни летала во таа област, при што биле оштетени инфраструктурни објекти, куќи, магацини и автомобили.

Соседите на Украина, Романија и Полска – кои се членки и на Европската Унија и на НАТО – подигнаа воени авиони за да го заштитат својот воздушен простор за време на руските напади врз Украина, се наведува во соопштенијата на нивните министерства за одбрана и вооружени сили објавени на платформата „Икс“ (X).

Во напад со украински беспилотен летало врз рускиот регион Самара – центар за производство и преработка на нафта лоциран на околу 1.100 километри (684 милји) југоисточно од Москва по пат – беа оштетени приватни куќи, изјави гувернерот Вјачеслав Федоришчев на социјалната мрежа „ВК“ (VK), а пренесе Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ