вторник, октомври 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се гради пат со пешачка патека до плажата во селото Николиќ

Ќе се гради пат со пешачка патека до плажата во селото Николиќ

1

Општина Дојран ќе проектира нов пат со пешачка патека до плажата во селото Николиќ.

Градоначалникот на Општина  Дојран, Илија Тентов, истакна дека со реализацијата на овој проект ќе се овозможи побезбеден и полесен пристап до плажата, подобрување на туристичката инфраструктура и создавање подобри услови како за локалното население така и за сите посетители.

– Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на инфраструктурата и на развој на Општина Дојран, со цел подобар квалитет на животот и поатрактивна туристичка понуда. Работиме на проекти што значат развој и подобра иднина за Дојран – потенцира Тентов.

 

ИЗДВОЕНИ