вторник, ноември 24, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Новото правило на „Рајанер“ за доделување седишта, предизвика незадоволство кај патниците, особено...

Новото правило на „Рајанер“ за доделување седишта, предизвика незадоволство кај патниците, особено кај оние редовните

0

Авиокомпанијата „Рајанер“ ги промени правилата за доделување седишта на патниците кои не сакаат да платат за резервација на конкретно место. Наместо 24 часа пред полетувањето, патниците сега дознаваат каде ќе седат дури три часа пред летот. Промената беше воведена кон крајот на октомври и би можела да ги поттикне патниците да платат за избор на седиште за да ја избегнат неизвесноста, пишува „Ајриш тајмс“.

Новиот систем предизвика незадоволство

Досега, при онлајн пријавувањето за лет, на патниците бесплатно им се доделуваше случајно седиште. Ако доделеното место не им одговараше, тие можеа дополнително да платат преку апликацијата за да изберат друго место. Новиот систем повеќе не ја нуди оваа можност, што предизвика бројни поплаки на социјалните мрежи. Корисниците сметаат дека авиокомпанијата се обидува да ги натера да платат дополнително.

„Секогаш избирам опција за случајно доделување седиште, бидејќи единственото лошо место е она во средината; значи, шансите беа два спрема еден во моја корист“, изјави за „Ајриш тајмс“ еден патник кој често лета со „Рајанер“. Тој објасни дека на тој начин понекогаш успевал да добие седиште со повеќе простор за нозете, бидејќи другите патници не сакале да платат дополнително за такво место.

„Претходно, ако добиев место во средината, можев едноставно да платам преку апликацијата за подобро седиште. Сега тоа веќе не е можно. Непријатно е да дојдете на аеродром, а да не знаете каде ќе седите“, рече тој.

„Рајанер“ ја објасни одлуката

Од „Рајанер“ ја потврдија промената и ја објаснија својата одлука. „Авиокомпанијата одлучува кога ќе се доделуваат бесплатните седишта“, изјави портпаролката. „Го променивме времето за распределба на седиштата – од 24 часа на три часа пред полетувањето – со преминот кон зимскиот ред на летање кон крајот на октомври.“

Таа објасни дека сакаат да им овозможат повеќе време на патниците, кои се подготвени да платат за избор на седиште, да го резервираат местото што го сакаат. „Ова лето добивме голем број поплаки од патници кои не можеа да го резервираат посакуваното седиште на денот на патувањето, бидејќи тоа веќе му било доделено бесплатно на друг патник, 24 часа пред летот“, појасни таа.

Таа додаде дека „на патниците кои избираат бесплатна, случајна распределба на седиштата, очигледно не им е важно каде ќе седат“. Нивните дигитални карти за качување, вели таа, автоматски се ажурираат три до четири часа пред полетувањето, „што е многу пред пристигнувањето на аеродромот или…“

ИЗДВОЕНИ