Македонски музичар со песна која има необичен наслов!
Давид Илиев е релативно познат музичар кој, деновиве, под уметничкото име Рола, ја објавува својата најнова песна „Драга не буди педер“, со која ја збогатува својата музичка приказна на сосема необичен начин. Но не само за овде, кај нас, туку и за надвор од македонските граници, на просторите на поранешна Југославија.
Од тие причини, песната е испеана на српски јазик, а со тоа Рола го отвора естрадниот пат кон обожавателите, кои за него се, како што вели, непроценливо богатство. Пред сè, во Србија, Босна, Црна Гора, Хрватска.
Самото име на песната, „Драга не буди педер“, е доволно провокативно за да предизвика благ шок, а токму таквите музички приказни како да наоѓаат најбрз пат до публиката.
Инаку, Давид Илиев е син на Зоран Илиев-Роџер, име кое со години е дел од скопската урбана шема, скопска градска легенда. Но, за да не биде дека е само „син на Роџер“, Рола докажува дека самиот умее да се избори за своето место под сонцето. За семејството Илиеви и нивната поврзаност со музиката, македонските новинари низ годините пишуваа интересни искрени приказни, а сега Рола со право ја продолжува таа приказна, но на свој, оригинален начин. Па, на оној на кој му се допаѓа тоа, нека слуша, оној на кој не му се допаѓа, може да ја прескокне. Секој според својот музички вкус.
Песната „Драга не буди педер“ веќе има голема слушаност на популарниот канал „Јутјуб“. Самото тоа кажува дека заинтересираноста е голема и дека македонскиот музичар треба да има голема поддршка од сите нас. Со провокативниот наслов (иако познат по некогашниот истоимен хит на „Рибља Чорба“), песната е продолжение на една кариера која ветува успех, со причина.












