сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кавадарчанка со 2,61 промили алкохол го нападнала сопругот со остар предмет

Кавадарчанка со 2,61 промили алкохол го нападнала сопругот со остар предмет

519

Триесетгодишна жена од Кавадарци била приведена утринава откако со остар предмет му нанела повреди на својот 43-годишен сопруг, соопштија од СВР – Велес.

Инцидентот се случил во семејниот дом по вербална расправија. Полициските службеници интервенирале околу 6:30 часот, при што предметот со кој било извршено делото бил пронајден и одземен.

При контролата, кај жената биле измерени 2,61 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање, против неа ќе следува соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ