сабота, февруари 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кавадарчанка пронајдена почината со повреди по телото

Кавадарчанка пронајдена почината со повреди по телото

74

Кавадарчанка била пронајдена почината со повреди по телото. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Д.Т. пријавила дека во станот каде што живее во градот, ја пронашла почината со повреди по телото нејзината мајка С.С.С., на возраст од 52 години, известија од  СВР-Велес – ОВР-Кавадарци.

Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт. Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител од ОЈО – Кавадарци, по чија наредба, телото било дадено на обдукција.

Од СВР – Велес додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ