Босна и Херцеговина го зазема второто место во светот според потрошувачката на кафе по глава на жител, со просек од 14,26 килограми годишно по лице.
Ирска го зазеде првото место на глобалната листа за 2023 година; нејзините жители моментално пијат најмногу кафе, со потрошувачка од 15,79 килограми по лице годишно. По Ирска и Босна и Херцеговина, Либан е на третото место (12,91 кг), а потоа следат Нов Зеланд (12,81 кг), Грузија (12,52 кг) и Србија на шестото место со 12,15 килограми по глава на жител. На листата на десетте земји со најголема потрошувачка се наоѓаат и Данска, Шведска, Финска и Бугарија.
Интересно е да се забележи како врвот на оваа листа динамично се менувал во текот на изминатата деценија. Финска доминираше на ранг-листата во 2010 година со 13,78 килограми, пред Грција да го преземе водството во 2013 година. Поттикнат од силната традиција на пиење кафе, Либан го зазеде првото место во 2015 година, додека Србија го презеде водството во 2020 година. Босна и Херцеговина го држеше статусот на апсолутен светски лидер во потрошувачката на кафе во 2021 година, пред Ирска да скокне од средината на листата на првото место во 2023 година.
Објавените податоци се засноваат на извештаите на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и ја мерат достапноста на кафе за потрошувачка, изразена во еквивалент на сурово зрно. Во истражувањето беа вклучени само земји со население од над три милиони жители, со што од врвот на табелата беа исклучени земји како Луксембург или Малдивите, каде што нереално високите бројки првенствено се резултат на прекугранично купување и туризам.












