Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК на територија на Скопје во тек е акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот.
„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за борба против тероризам при Министерството за внатрешни работи, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на територијата на Скопје спроведува акција на повеќе локации, во координација со Агенцијата за национална безбедност. Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот. По завршување на акцијата, Министерството за внатрешни работи ќе ја информира јавноста за преземените мерки и активности“, велат од МВР за весникот Вечер.












