недела, јуни 28, 2026
Дома СВЕТ Катастрофа во Франција: Се урна авион на училиште за падобранци, нема преживеани

Катастрофа во Франција: Се урна авион на училиште за падобранци, нема преживеани

56
screenshot X

Единаесет лица загинаа денеска кога авион се урна во градот Томблен во североисточна Франција, соопшти локалната префектура. Авионот припаѓал на училиште за падобранство.

Пилотот и сите десет патници – пет ученици и пет инструктори – загинаа во несреќата, соопшти префектурата, објави Ројтерс. Министерот за внатрешни работи на Франција е на пат кон местото на несреќата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Авионот полетал од аеродромот Ненси-Есеј во недела наутро.

ИЗДВОЕНИ