Каталонија го одложи планот за наплаќање туристичка такса од 15 евра

17
Фото: Diliff - Own work, CC BY 2.5,
Шпанија очекува оваа година да го надмине минатогодишниот рекорд од 94 милиони туристички посети, а данокот во моментот се применува во хотелите и на крузерите, во зависност од луксузот на сместувањето.

 

До овој план дојде по протестот на жителите поради прекумерниот туризам кој ја зголеми цената на становите, а во еден случај демонстранттие ги прскаа посетителите со водени пиштоли во знак на протест.
Здружението на туристички апартмани на Барселона „Апартур“ соопшти дека се противи на зголемувањето на цената на таксите бидејќи тоа би ја зголемило цената на одморот, тврдејќи дека парламентот треба постепено да ги одбрува ценовните зголемувања.
Туристичките посети во Каталонија се зголемија за 10 отсто во првите два месеци од 2025 година во однос на минатата, што е побавно темпо отколку во главниот град на Шпанија Мадри, кој прими 13 отсто повеќе туристи во истиот период и не наплаќа туристичка такса.
Податоците укажуваат на тоа дека мерките на Каталонија за намалување на прекумерниот туризам, вклучително со ограничувањето на лиценците за нови хотели во центарот на Барселона, можеби даваат резултати.
Сепак, цената на соби во Барселона пораснаа за 10 отсто за 12 месеци заклучно со март, во споредба со шпанскиот просек од 3 отсто.

ИЗДВОЕНИ