недела, септември 20, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Се договорив со Трамп да се сретнеме во Њујорк – ова...

Зеленски: Се договорив со Трамп да се сретнеме во Њујорк – ова може многу да промени

0
EPA/ANDREJ CUKIC

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и се договорил да се сретне со него во Њујорк.

„Штотуку разговарав со претседателот Трамп. Тоа беше важен разговор во текот на кој успеавме да разговараме за многу работи. Се договоривме за средба во Њујорк, а таа средба би можела многу да промени. Постои дипломатски замав“, изјави Зеленски на „Фејсбук“.

Зеленски истакна дека им се заблагодарил на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер за нивната посета на Киев, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ