„Единствена Русија“, партијата на рускиот претседател Владимир Путин, победи на парламентарните избори во Русија, според резултатите од излезните анкети објавени по затворањето на гласачките места.
Податоците од анкетата спроведена од Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) покажуваат дека Единствена Русија обезбедила 49,4 проценти од гласовите, објави центарот на социјалните медиуми.
Парламентарните избори во Русија се одржаа во текот на три дена, пренесе „Бета“.












