Преку Програмата „ЕУ за Преспа“, финансирана од Европската Унија, имплементирана од Програмата за развој на Обединетите Нации во партнерство со националните и локални институции, целосно се завршени околу 35 километри канализациска мрежа во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени и Брајчино. Во завршна фаза е изградбата и на шест пречистителни станици за отпадни води во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница и се очекува да бидат функционални до крајот на 2026 година. Од „ЕУ за Преспа“ информираат дека со изградбата на новата канализациска мрежа и пречистителните станици во руралните средини значително ќе се намали загадувањето и испуштањето отпадни води во Преспанскиот Регион

   

Преку Програмата „ЕУ за Преспа“, финансирана од Европската Унија, имплементирана од Програмата за развој на Обединетите Нации во партнерство со националните и локални институции, целосно се завршени околу 35 километри канализациска мрежа во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени и Брајчино. Во завршна фаза е изградбата и на шест пречистителни станици за отпадни води во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница се очекува да бидат функционални до крајот на 2026 година.

Од „ЕУ за Преспа“ информираат дека со изградбата на новата канализациска мрежа и пречистителните станици во руралните средини значително ќе се намали загадувањето и испуштањето отпадни води во Преспанскиот Регион.

– Програмата „ЕУ за Преспа“ е добар пример за сеопфатен пристап, кој отвора можности за Преспанскиот Регион во насока на обнова на природните ресурси, одржливо земјоделство и туризам, како и унапредување на инфраструктурата за подобро справување со идните климатски промени. Преку оваа програма, Европската Унија инвестира и во инфраструктура која има директно влијание за подобрување на секојдневниот живот на луѓето, но и за иднината на Преспа. Правилното собирање и третман на отпадните води значи почиста животна средина, подобра заштита на езерото и подобри услови за развој на локалните заедници – изјави Еваут Сандкер, раководител на Сектор при Делегацијата на ЕУ.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, истакна дека од новата инфраструктура директно ќе имаат придобивка повеќе од 1.500 жители.

– Покрај подобрувањето на комуналните услови и квалитетот на живот, инвестициите имаат значајна еколошка цел, подобра заштита на Преспанското Езеро, нагласи Григорјан.

Како дел од инфраструктурните подобрувања, поддршка добива и ЈПК „Пролетер“ преку обезбедување нови возила за собирање отпад, канти за домаќинствата, како и софтверска и ИТ-опрема. Со овие инвестиции се придонесува кон модернизирање на комуналните услуги и создавање поефикасен систем за управување со отпадот.

Меѓу другото, беше разгледан и напредокот на изградбата на граничниот премин Маркова Нога, финансиран од Програмата „ЕУ за Преспа“, каде што градежните активности се во завршна фаза.

Инфраструктурната компонента на рамките на интегралната програма „ЕУ за Преспа“е дел од поширокиот пристап за одржлив развој на Преспа, кој ги поврзува подобрувањето на инфраструктурата, заштитата на животната средина и создавањето подобри услови за локалните заедници.

 

ИЗДВОЕНИ