Спортскиот директор на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Симон Ролфес, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека ќе се обиде повторно да ги осигури услугите на крилниот напаѓач од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Каи Хаверц.
Германецот со голем успех го носеше дресот на „фармацевтите“, а пред да потпише за Арсенал, играше за лутиот градски ривал Челзи.











