Освен улицата „Самарџиска“, со реконструкцијата се опфатени уште пет помали краци и улици во Старата чаршија. Проектот предвидува реставрација на калдрмата со травертин, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и целосна модернизација на подземната инфраструктура, вклучувајќи ги водоводот, канализацијата, електричната мрежа и оптичката инфраструктура.

– Со овој проект, Министерството за култура и туризам, заедно со Владата и Општина Чаир, продолжува со посветеноста за зачувување на автентичниот дух на Чаршијата, истовремено воведувајќи современа инфраструктура – истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

За градоначалникот Меџити, по повеќе од пет децении, ова е инвестиција што ги враќа урбаното достоинство, функционалноста и живоста на овој историски простор

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и на уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект што има цел да го врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје.

Проектот опфаќа површина од 1.567 квадратни метри и предвидува реставрација на калдрмата со травертин, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и целосна модернизација на подземната инфраструктура, вклучувајќи ги водоводот, канализацијата, електричната мрежа и оптичката инфраструктура.

Интервенцијата вклучува и ново осветлување во традиционален стил, уредување на пешачките површини и поставување урбана опрема, со што се создава функционален и атрактивен простор за граѓаните и за посетителите.

– Старата чаршија, од XII век, е жив сведок на нашето заедничко културно наследство, место на вековна трговија, занаетчиство и соживот на култури. Со овој проект, Министерството за култура и туризам, заедно со Владата и Општина Чаир, ја продолжува посветеноста кон зачувување на автентичниот дух на Чаршијата, истовремено воведувајќи современа инфраструктура. Ова нека биде уште еден чекор кон Скопје што гордо го чува своето наследство, а истовремено чекори кон хармонична и автентична иднина – истакна Љутков.

Градоначалникот Меџити нагласи дека по повеќе од пет децении без сериозни интервенции, започнува вистинска трансформација на Старата чаршија.

– Ова е инвестиција што ги враќа урбаното достоинство, функционалноста и живоста на овој историски простор – изјави Меџити.

Според Љутков, инвестицијата од 28.750.591,44 денари е јасна порака дека вистинскиот развој го почитува минатото и мудро го интегрира во иднината.

 (А.П.)

ИЗДВОЕНИ