Лука Дончиќ се повреди пред почетокот на НБА-плејофот и тоа е голем проблем за Лос Анџелес Лејкерс. Без него и Остин Ривс, шансите против Хјустон драстично се намалуваат. Тоа значи дека Леброн Џејмс сам ќе мора да се соочи со Кевин Дурант и со Алперен Шенгун.
- Ми беше кажано дека Дончиќ е на пат кон Америка од Шпанија и дека ќе пристигне во Лос Анџелес во текот на неделата, поточно в петок. Во текот на претходните недели во Шпанија, тој доби третмани и инјекции за да се забрза неговото заздравување и да се врати што е можно поскоро. Кога станува збор за Остин Ривс, тој најверојатно ќе биде надвор од тимот до почетокот на мај. Колку брзо ќе се врати? Не е познато, се обидуваат да го забрзаат неговото враќање, рече доверливиот американски новинар Шамс Чаранија.
Јасно е дека двајцата сакаат да бидат на теренот и да му помогнат на тимот, но исто така е јасно дека нема да можат да го сторат тоа без „зелено светло“ од докторите.











