Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изјави денеска дека народот на Гренланд треба сам да донесе одлука за својата иднна.
Зборувајќи за настојувањата на американскиот претседател Доналд Трамп Соединетите Американски Држави да преземат контрола на островот.
„Какви било одлуки за иднината на Гренлад треба да донесува народот на Гренланд. Единствен начин да се одржи светки поредок заснован на правила е целосно да се почитуваат принципите на суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливост на границите“, рече таа во текот на својот инаугурациски говор пред Европскиот парламент“, објави „Ројтерс“.
Таа ја потврди соработката меѓу ЕУ и Гренланд, истакнувајќи дека ЕУ во целост ги поддржува целите на Гренлад кога станува збор за образованието, зелениот раст, суровините, обновливата енергија и безбеднсота.
Трамп минатата недела рече дека не ја исклучува употребата на воена сила за да преземе контрола над Гренланд. „Не го исклучувам тоа. Не велам дека ќе го направам тоа, но не исклучувам ништо.
Гренланд ни е очајнички потребен. Гренланд е многу мала група луѓе за која ќе се грижиме, ќе ги негуваме и сето тоа. Но тоа ни е потребно за меѓународна безбедност“, рече Трамп во интервју за „Ен-би-си њуз“ по повот првите 100 дена на власт, пренесува Танјуг.