Цените на суровата нафта денеска пораснаа за четири отсто, на 59,4 долари по барел, закрепнувајќи од четиригодишното дно откако техничките индикатори сигнализираа заситеност на пазарот.
Цените, исто така, се зголемија благодарение на враќањето на кинеските купувачи по празниците, објави „Трејдинг економикс“.
Покрај тоа, знаците за потенцијално забавување на производството на нафта од шкрилци во Соединетите Американски Држави помогнаа да се ублажат загриженостите за прекумерна понуда.
Независната компанија за нафта и природен гас „Дајмондбек енерџи“ ја намали својата прогноза за производство и предупреди за претстојниот пад на активноста за копнено дупчење.
Во меѓувреме, умереното намалување на официјалните продажни цени на Саудиска Арабија сигнализираше претпазлив пристап кон пазарниот удел откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус) се согласи да го зголеми производството во јуни, објави „Танјуг“.
ИЗДВОЕНИ

ВЕЧЕР РЕПОРТАЖА – епидемијата во опаѓање, најави за техничка вода од денеска, но градот ги живее најтешките денови во поновата историја: Гостиварци и натаму жедни за нормален животте денови во поновата историја

Секој викенд сообраќаен кошмар кај Гостивар – колони возила чекаат со часови, решение се бара со години

Само два дена по невремето, доматите поскапеа од 40 на 60 денари за килограм

ЖИВОТНИ ПАТОКАЗИ, ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Болест на духот








