четврток, август 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Како да се разладите, а сметката за струја да не ве „изгори“?

Како да се разладите, а сметката за струја да не ве „изгори“?

0

Како да се разладите, а да заштедите струја: Совети од експерти за климатизација

Во периоди на високи температури, климатизацијата е меѓу најголемите потрошувачи на електрична енергија во домаќинствата. Експертите за климатизација советуваат уредот да се постави на температура од околу 25 степени, со што ќе се намали потрошувачката на струја и ќе се избегне голем температурен шок при влегување од жештината во разладена просторија.

Додека престојувате во просторијата, клима-уредот треба да работи во континуитет, но доколку подолго време нема никој дома, се препорачува да се исклучи.

За поефикасно ладење и помала потрошувачка, важно е филтрите редовно да се чистат. Валканите филтри го отежнуваат работењето на уредот, поради што тој троши повеќе електрична енергија, а лади помалку.

Експертите советуваат и користење тенди, како и внатрешни и надворешни ролетни, за да се спречи навлегувањето на топлината во домот. Во најжешките денови, употребата на шпоретот и рерната треба да се сведе на минимум, а бојлерот да се постави на пониска температура.

Со неколку едноставни навики може да се одржи пријатна температура во домот, а истовремено да се намали потрошувачката на електрична енергија.

ИЗДВОЕНИ