Израел ќе ги сруши сите куќи во либанските села во близина на границата и речиси 600.000 луѓе раселени од јужен Либан нема да можат да се вратат додека северен Израел не биде безбеден, изјави денес израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
Тој рече дека Израел планира да воспостави „тампон зона“ во јужен Либан, објави „Ројтерс“.
Израел ќе воспостави „безбедна зона“ во Либан како линија на одбрана и ќе продолжи да одржува безбедносни контроли по должината на реката Литани откако ќе заврши конфликтот со Хезболах, Кац го опиша планот како начин да се спречат раселените лица да се вратат во своите домови.
Тој рече дека сите куќи во селата во близина на либанската граница ќе бидат уништени „во согласност со моделот што се користи во Рафа и Бејт Ханон во Појасот Газа“ со цел „трајно да се елиминираат заканите во близина на границата“.












