Јован е најчестото име кое го избирале во текот на историјата, и тоа 23 пати. Последниот папа кој го земал името Јован, Јован Дваесет и трети, насмеан човек, а често нарекуван „добриот папа“.
Меѓутоа, ако би го одбрал името Павле тоа би можело да означува оддавање чест на папата Павле Шести (1963-1978), кој го наследи папата Јован Дваесети и трети.
Кардиналот Албино Лучани, избран за папа во 1978 година, не можел да избере само едно име и избрал двојно име Јован Павле за да може на тој начин да им изрази почит и чест и на обајцата свои непосредни претходници.
Кога Лучани почина само 33 дена подоцна, следниот папа, кардиналот Карол Војтила избра да се вика Јован Павле Втори (1978-2005) во чест на тројцата свои претходници.
Новиот папа, исто така, би можел да избере двојно име.