петок, јуни 12, 2026
Дома СПОРТ КОШАРКА Јокиќ на маки: Не само што е под истрага на НБА, туку...

Јокиќ на маки: Не само што е под истрага на НБА, туку останал и без долна облека

883
EPA/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Турбулентни времиња ја очекуваат НБА ѕвездата Никола Јокиќ, чиј тим од Денвер е на работ на елиминација од плејофот, а за да биде уште полошо, лигата отвори истрага за тепачка со Џејден МекДениелс од Минесота.

За време на четвртиот натпревар од серијата, кој Тимбервулвс го добија и со тоа поведоа со 3-1, на теренот се појавија тензии. Во еден момент, српскиот центар лезе во конфликт со Џејден МекДениелс, а ситуацијата за малку ќе ескалираше во посериозна физичка пресметка.

Според новинарот Шемс Чаранија, лигата започна официјална истрага за инцидентот. Како што објави ESPN, процесот вклучува интервјуа со вклучените, вклучувајќи ги играчите и судиите, како и детална анализа на видео снимките.

Се очекува НБА наскоро да донесе одлука за евентуални санкции, а сè треба да биде познато пред петтиот натпревар од серијата, кој е закажан за понеделник вечерта во Денвер.

По натпреварот во Минсота, се случи нешто многу бизарно бидејќи на Јокиќ му била украдена долната облека во соблекувалната.

Според новинарот на Атлетика, Џејсон Квик, центарот на Денвер се пожалил во соблекувалната.

„Некој ми ја украде долната облека“, рече Јокиќ, загрижено разгледувајќи низ соблекувалната каде би можеле да бидат.

Бил во неверица, фрустриран и шокиран, но не можеше да ја најде долната облека, пренесува b92.

ИЗДВОЕНИ