Екипата на Денвер нагетс го засили својот тренерски штаб со искусниот Дејвид Јегер, кој ќе му биде прв асистент на тренерот Дејвид Аделман. Јегер има повеќе од 20 години искуство во НБА, а во кариерата ги предводеше Мемфис и Сакраменто, а работеше и како асистент во Филаделфија, Милвоки и во Мемфис.
Неговото доаѓање е насочено кон подобрување на одбраната на Денвер, сегмент во кој Нагетс имаше сериозни проблеми во последните сезони. Тимот беше рангиран дури на 21. место според дефанзивниот рејтинг во изминатите две години, додека екипите на Јегер, во четири од последните пет сезони, беа меѓу 12. најдобри дефанзивни состави во лигата.
Во тренерскиот штаб на Денвер, Јегер ќе им се приклучи на Аделман, Џаред Дадли и на Хозе Хуан Бареа и се очекува да донесе цврстина во одбраната и дополнително искуство во борбата на Нагетс за највисоките цели во НБА.











