вторник, јули 28, 2026
Дома БАЛКАН На граѓаните на пет земји наскоро ќе им бидат потребни визи за...

На граѓаните на пет земји наскоро ќе им бидат потребни визи за влез во Црна Гора

46

Црна Гора целосно ја усогласи својата визна политика со онаа на Европската Унија, со што исполни еден од последните критериуми за затворање на Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност, објави Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

Овој потег ја потврдува посветеноста на Подгорица на европската интеграција и отвора можност за повлекување на околу четири милиони евра преку Европскиот план за раст за Западен Балкан.

Владата на Црна Гора усвои измени на регулативата за визниот режим, според која граѓаните на Белорусија, Кина, Русија, Саудиска Арабија и Турција ќе треба да имаат виза за влез во Црна Гора од 1 ноември оваа година.

Од Министерството наведоа дека истовремено ќе работат а тоа процесот на издавање визи да биде поедноставен и подостапен. Благодарение на соработката со VFS Global, апликациите веќе можат да се поднесуваат во визни центри во неколку земји, вклучувајќи ги Индија, Бангладеш, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Русија.

Во наредниот период се планира отворање дополнителни центри во земји како Кина, Пакистан, Казахстан, Саудиска Арабија и други земји, што ќе им овозможи на странските граѓани да аплицираат за црногорска виза без да одат во амбасади и конзулати.

Министерството работи и на воспоставување нов Визен информативен систем усогласен со стандардите на Европската Унија и Шенген. Крајната цел е воведување електронски визи, што би овозможило онлајн поднесување на апликации и побрза обработка на апликациите.

Владата вели дека усогласувањето со правилата на ЕУ дополнително ќе ја зајакне безбедноста, дигитализацијата на јавната администрација и позицијата на Црна Гора како туристичка и инвестициска дестинација.

ИЗДВОЕНИ