Собранието на Црна Гора ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување со кои жените со секундарна дисменореја и болни менструални циклуси имаат право на два дена платено отсуство месечно.
Тоа право, како што пренесува „Вјести“, се однесува на жените што имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, миоми, полипи и други гинеколошки заболувања.
Независната пратеничка Евросима Пејовиќ ја поднесе инцијативата за измени во законот во март годинава, во пресрет на Меѓународниот ден на жената.
Предлог-законот претходно беше едногласно поддржан на седниците на Одборот за здравство, труд и социјална грижа и на Законодавниот одбор. Во образложението на законот се наведува дека целта е измена за адекватно регулирање на дијагностицираните патолошки состојби на секундарна дисменореа, отстранување на предрасудите на работното место и воспоставување рамнотежа меѓу зачувувањето на здравјето и професионалните обврски на жените. Како што се истакнува, на жените со секундарна дисменореја им се признава правото на посебна состојба на привремена спреченост за работа.












