Светскиот тениски рекет број Александар Зверев е жестоко напаѓан и критикуван, па дури и во Германија, земјата под чие знаме настапува. Зошто и таму не го сакаат? На ова прашање одговор се обиде да даде поранешниот најдобар германски тенисер Борис Бекер, кој и самиот не го сака новиот број еден.
„Неговите родители се Руси, тој зборува руски со својот тим за време на натпреварите. И покрај сето тоа, тој не зборуваше јавно за војната во Украина, и тоа можам да го разберам од лична гледна точка. Сепак, сето ова не му помага да ја освои публиката во Германија“, го започна Бекер разговорот со „Дер шпигел“.
Тој верува дека јазикот е една од работите што влијаат на односот помеѓу Зверев и публиката во Германија.
„Кога дава интервјуа на германски јазик, тоа е обично премногу суво и вкочането. Не е толку љубезен ниту во односите со новинарите. Но, кога зборува на англиски, го покажува својот шарм, чувството за хумор, знае да се смее“.
Бекер, исто така, му даде совети на својот сонародник и тврди дека тоа може да му помогне.
„Го запознав шармантниот и забавен Саша Зверев приватно. Мислам дека треба повеќе да се отвори и да им дозволи на луѓето да го запознаат. Ако сака да биде почитуван и сакан повеќе, особено во сопствената земја, мора да вложи повеќе труд“, заклучи Бекер.












