Аеродромот во Дубаи соопшти дека повеќето летови се сè уште суспендирани и им советуваше на патниците да не пристигнуваат на аеродромот освен ако нивната авиокомпанија не го потврди времето на полетување.
Во објава на социјалните мрежи се вели дека патниците без потврден лет можеби нема да можат да влезат во терминалите. На патниците им беше советувано директно да ја контактираат својата авиокомпанија за најнови информации за летот.
Авионската компанија „Емирати“ соопштија дека сите закажани летови до и од Дубаи се суспендирани до 23:59 часот по локално време на 7 март поради затворањето на воздушниот простор во регионот.
Авиокомпанијата соопшти дека на ограничениот број достапни летови, приоритет ќе им се даде на патниците со претходни резервации, додека патниците во транзит низ Дубаи ќе можат да патуваат само ако нивниот понатамошен лет е потврден.
⚠️ Most flights remain suspended. Please do not come to the airport unless your airline has confirmed your departure time. Guests without a confirmed flight may not be able to access the terminals.
Please contact your airline directly for the latest updates on your flight.
— DXB (@DXB) March 4, 2026












