Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека преубавите дрвја на сакурата, јапонската цреша, почнале да цветаат.
Во Токио, како што се наведува, тоа се случи пет дена порано од претходната година. Сезоната на цветање почнува во март и трае до почетокот на април.
Инаку оваа година беше откажан Фестивалот на црешиниот цвет во Јапонија, кој требаше да се одржи во близината на планината Фуџи, откако, како што пренесуваат властите, туристите почнале да се однесуваат се подеструктивно, пренесе „Н1“.












