Извозот на сурова нафта, кондензат и рафинирани горива од осум земји од Блискиот Исток – Саудиска Арабија, Кувајт, Иран, Ирак, Оман, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати – во просек изнесуваше 9,71 милиони барели дневно. Тоа претставува намалување од 61 процент во споредба со 25,13 милиони барели дневно регистрирани во февруари.
Агенцијата „Вортекса“, која врши анализа на енергетскиот пазар, известува за пад од 71 процент. Пред војната, тие осум земји учествуваа со 36 проценти од глобалниот извоз на нафта по море, или 70,43 милиони барели дневно, според „Кплер“.
Вистинскиот извоз може да биде уште помал, бидејќи некои количества се складираат на танкери без да го напуштат Заливот.
„Пловечките складишта на сурова нафта на Блискиот Исток надминаа 50 милиони барели оваа недела, во споредба со околу 10 милиони барели пред една година“, велат аналитичарите во „Кплер“.












