Германската влада во средата објави дека цените на горивата во земјата нема брзо да паднат и покрај двонеделното примирје меѓу САД и Иран, кое вклучува и повторно отворање на Ормускиот теснец.
Заменик-портпаролот на владата, Себастијан Хиле, изјави дека иако примирјето е добра вест, треба да се биде реален во очекувањата, објави „Виершафтсвонер“.
„Сè уште сме далеку од договор, а секогаш се можни значителни одложувања“, рече тој.
Како што изјави, повторното отворање на Ормускиот теснец ќе потрае и нема да доведе до моментално враќање на статус кво пред 28 февруари, кога започнаа нападите на САД и Израел врз Иран.
Според владата во Берлин, откако бродовите повторно ќе поминат низ Ормускиот теснец, ќе бидат потребни уште три до шест недели за стоките да стигнат до Европа и за дополнителни количини физички да се појават на пазарот.
Хиле заклучи дека затоа не треба да се очекува значителен пад на цените на горивата во Германија на краток рок.












