недела, октомври 25, 2026
Дома БАЛКАН Насилни судири на улиците во Тирана: Фрлани камења и солзавец, повредени полицајци...

Насилни судири на улиците во Тирана: Фрлани камења и солзавец, повредени полицајци и демонстранти

0
EPA/MALTON DIBRA

Четири лица – двајца полицајци и двајца демонстранти – се повредени за време на денешните протести во Тирана, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Според „Еуроњуз Албанија“, еден демонстрант е примен на Клиниката за трауматологија, додека еден полицаец се лекува во болницата „Мајка Тереза“.

Судирите меѓу полицијата и демонстрантите избија пред албанското Министерство за образование, откако учесниците почнаа да фрлаат камења кон полицијата, која возврати со солзавец за да ја растера толпата.

Протестите, предводени од студенти, траат веќе 13 дена во Албанија. Првично поттикнато од незадоволство од состојбата во образованието, високите трошоци за студирање и ограничените можности за вработување на младите, движењето прерасна во пошироки антивладини демонстрации, при што се бара оставка од албанскиот премиер Еди Рама.

Рама во неколку наврати повика на дијалог, но демонстрантите ги одбија тие понуди.

ИЗДВОЕНИ