Израел и Либан се приближуваат до постојан договор за прекин на огнот со посредство на САД, со значителен напредок постигнат за време на неодамнешните разговори во Вашингтон, објавија денеска израелските медиуми.
Во извештајот на „Канал 12“ се вели дека работата на деталите од договорот е при крај, а либанските вооружени сили почнаа да се распоредуваат на теренот како дел од договорените мерки од новиот договор. Договорот, исто така, се очекува да им овозможи на жителите на јужен Либан, кои беа евакуирани поради израелските напади врз позициите на Хезболах, да се вратат во своите домови.
Претходно денеска „Хезболах“ објави дека добил гаранции од Иран дека официјален Техеран ќе побара повлекување на израелските сили од Либан во следната фаза од преговорите со САД, наведувајќи дека конечниот договор за иранската нуклеарна програма нема да биде постигнат без тој чекор.












