Изложба посветена на истакнатата поетеса, есеист, раскажувач и писател за деца, Светлана Христова-Јоциќ, „Зад мене, по мене“, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва (19 ноември), со почеток во 19:00 часот. Автор е Ана Китановиќ, кустос, која преку изложениот материјал ќе потсети на еден богат книжевен живот, на авторката што остави длабока трага во македонската литература како претставник на втората генерација македонски книжевници и на трајната вредност на нејзиниот пишан збор. Изложбата првпат пред пошироката јавност ќе ја презентира официјалната донација на лични предмети од семејството Андреевски, овозможувајќи им на посетителите поблиску да се запознаат со животот и со работниот амбиент на истакнатата поетеса.

Светлана Христова-Јоциќ (1937–2012) остави зад себе импресивен опус од над 20 книги. Таа беше долгогодишен новинар и уредник во Радио Скопје, секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија, член на Македонскиот ПЕН-центар, главен уредник на ревијата „Стожер“ и на списанието „Портал“, како и иницијатор на значајната меѓународна манифестација „Македонски духовни конаци“.

 

ИЗДВОЕНИ