недела, јуни 7, 2026
Дома СВЕТ Избран е новиот ајатолах, се чека објава на името

Избран е новиот ајатолах, се чека објава на името

292

Ахмад Аламолхода, член на Иранското собрание на експерти, изјави дека изборите за нов врховен лидер се одржани и дека лидерот е избран. Тој додаде дека сега сè зависи од шефот на секретаријатот на Собранието на експерти, Хосеин Бушери, кој моментално е задолжен за јавно објавување на одлуката, пренесе новинската агенција Мехр.

Мохсен Хејдари, кој ја претставува покраината Хузестан во телото задолжено за избор на новиот ајатолах, рече дека „најсоодветниот кандидат е одреден, одобрен од мнозинството на Собранието на експерти“, објави иранската новинска агенција ИСНА.

„Големиот Сатана го спомена и името на избраниот кандидат“, додаде тој, осврнувајќи се на Соединетите Американски Држави.

Веста доаѓа во време на длабока воена и политичка криза на Блискиот Исток и претставува клучен момент за иднината на Исламската Република, со оглед на тоа што името на новиот лидер ќе го одреди понатамошниот правец на внатрешната и надворешната политика на Иран во средината на војната со Соединетите Американски Држави и Израел.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно инсистираше дека треба да има улога во изборот на нов ирански лидер и ја отфрли можноста синот на убиениот ајатолах Моџтаба Хамнеи да ја преземе функцијата, нарекувајќи ја „незначајна“.

Иранските претставници категорично ја отфрлија идејата дека Трамп би можел да има каква било улога во изборот на наследник.

ИЗДВОЕНИ