сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ „Истражуваме“: Хегсет за нападот врз женското училиште во Иран во кој загинаа...

„Истражуваме“: Хегсет за нападот врз женското училиште во Иран во кој загинаа 150 ученички/ВИДЕО

248
Foto: EPA

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес одржа прес-конференција во Пентагон за војната со Иран. На прашањето на новинарите за нападот врз женскoто училиште во јужен Иран во саботата, американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, рече дека инцидентот е сè уште под истрага.

„Го истражуваме тоа. Секако, никогаш не таргетираме цивилни цели“, рече Хегсет.

Потоа новинарот праша дали, неколку дена по инцидентот, имало јасност за тоа чија муниција го погодила училиштето. „Го истражуваме тоа“, одговори Хегсет.

Што се случи во Минаб?

Нападот врз училиштето се случил во иранскиот град Минаб во јужната покраина Хормозган, на првиот ден од големите американско-израелски напади врз Иран. Ракетата го погодила женското основно училиште Шаџарех Тајебех за време на часот, кога ученичките биле во своите училници.

Според иранските власти и државните медиуми, во нападот загинале помеѓу 150 и 180 лица, од кои повеќето биле девојчиња на возраст меѓу седум и 12 години. Точниот број на жртви не е независно потврден, но меѓународните организации и Обединетите нации повикаа на независна истрага за инцидентот.

Училиштето се наоѓало во близина на објектите на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), кои биле цел на напади истиот ден. Американската војска призна дека е свесна за извештаите за цивилни жртви и изјави дека истражува за да утврди точно што се случило.

За потсетување, катарската телевизија Ал Џезира денес објави анализа на сателитски снимки врз основа на кои тврди дека училиштето „веројатно“ било намерно нападнато.

ИЗДВОЕНИ