Натпреварот меѓу Еквадор и Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство донесе драматична завршница, но и историски момент поврзан со новите правила на ФИФА.

Брегот на Слоновата Коска славеше со 1:0 благодарение на погодокот на Амад Дијало во судиското продолжение, но најмногу се зборува за одлуката на судијата во 19. минута.

По еден корнер што го изведе Николас Пепе, еквадорскиот играч Маизес Каиседо падна на тревникот по контакт со противникот. Судијата процени дека станува збор за симулирање или претерано задржување време и првпат на едно Светско првенство го примени новото правило според кое играчот мора да остане надвор од теренот една минута по ваква ситуација.

Одлуката предизвика бурни реакции кај еквадорските фудбалери. Каиседо, заедно со капитенот Енер Валенсија, жестоко протестираше, но арбитерот не ја промени својата одлука.

Контроверзијата продолжи и во финишот на натпреварот, кога на ист начин беше санкциониран и Жоел Ордоњез. Само неколку минути подоцна, следуваше казната за Еквадор: Дијало погоди во 91. минута и ѝ донесе огромна победа на африканската селекција.

И покрај поразот, Каиседо одигра одличен натпревар и беше меѓу најдобрите на теренот, а во неколку наврати се најде во центарот на вниманието и поради своето однесување, вклучувајќи го и моментот кога спречи поголем конфликт меѓу играчите.

По овој болен пораз, Еквадор останува без бодови и го очекува исклучително тежок дуел против Германија. Од друга страна, Брегот на Слоновата Коска со три бода и многу самодоверба ќе го дочека натпреварот против Курасао.

ИЗДВОЕНИ