Трошоците за живот во Исланд ги надминаа трошоците во Швајцарија, со што земјата повторно стана најскапата земја во светот, објави исландскиот синдикат Виска, повикувајќи се на податоци од Евростат и Централната банка на Исланд.
Економистот на споменатиот синдикат Вилјалмур Хилмарсон изјави дека цените во Исланд сега се за три проценти повисоки отколку во Швајцарија. Последен пат тоа се случи во 2018 година.
Овие податоци се уште една причина зошто финансиската пристапност на животот во Исланд е проблематична.
Високите плати, економијата базирана на силен туризам, скапите недвижности и зависноста од увоз придонесоа оваа земја да биде најскапа за живеење во светот.
Проценката на синдикатот се базира на меѓународна споредба на цените. Имено, тие споредија колку чинат истите производи и услуги во различни земји. Преку оваа споредба, тие утврдија дека вкупните трошоци се повисоки отколку во Швајцарија, пишува порталот НордискПост.












