
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е подготвен за големи промени ова лето, откако и официјално беше ставен крај на соработката со трофејниот холандски стручњак, Арне Слот.
Холанѓанецот, кој го предводеше Ливерпул до титулата во Премиер лигата во својата прва сезона, не ги исполни големите очекувања во својата втора сезона и затоа доби отказ пред неколку дена.
Раководните лица на „црвените“ решија да не губат многу време во потрагата по неговиот наследник и затоа веќе постигнаа договор со поранешниот предводник на Бурнемаут, Андони Ираола.
Американската телевизиска мрежа „ЕСПН“ сега ги откри плановите и на Ираола и на Ливерпул кои треба да се реализираат за време на летниот преоден рок.
Клубот веќе го потврди заминувањето на тројца играчи, Мохамед Салах, Енди Робертсон и Ибрахима Коната, но тоа не е сè.
Според „ЕСПН“, Алисон Бекер, Куртис Џонс, Федерико Киеза и Џо Гомез, исто така, ќе го напуштат „Енфилд“.
Ираола побара пет потписи ова лето и сака еден или двајца да бидат елитни играчи.
Првата цел е Јан Диоманде од РБ Лајпциг, но тој не е единствениот крилен напаѓач на кој се фокусира тимот од „Енфилд“.
Џарод Боувен од Вест Хем е исто така играч кого Ливерпул го следи, како и Бредли Баркола од ПСЖ.
Неофицијално, шпанскиот стручњак бил загрижен од формата на Фримпонг и Бредли, но неговата голема желба за левата бековска позиција, Дензел Дамфрис од Интер, веќе постигна договор со Реал (М).
Петтиот играч што Ираола го сака ова лето е играчот од средниот ред на Кристал Палас, Адам Вортон, за кого ќе мора да плати околу 100 милиони евра.











