Иран започна напади врз воздухопловната база Ал Удеид во Катар, најголемото американско воено упориште во регионот, со остра порака до Доналд Трамп дека „ќе се отворат портите на пеколот“, објави Дејли Меил. Војската на исламскиот режим во вторникот соопшти дека нејзините сили вршат напади врз воздухопловната база Ал Удеид во Катар – која е дом на до 10.000 војници и е главно напредно седиште на Централната команда на САД (CENTCOM).
„Разорните борбени беспилотни летала на копнените, воздушните и поморските сили на армијата… ги таргетираа воените цели на ционистичкиот режим на окупираните територии, како и базите на американските сили во Ал-Удеид, во Катар“, се вели во соопштението на иранската војска.
Досега нема извештаи за жртви или штети на базата. Војната, која започна во саботата откако САД и Израел започнаа смртоносни воздушни напади врз Иран, брзо го зафати целиот регион.
Али Мохамад Наини, портпарол на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), изјави за иранската државна телевизија: „Портите на пеколот ќе се отвораат сè повеќе и повеќе, момент по момент, над САД и Израел“.
Се очекува американско-израелските напади, во кои досега загинаа стотици луѓе во Иран, според иранската Црвена полумесечина, да траат до четири недели, но Трамп предупреди дека би можеле да траат „многу подолго“.
Во јануари, САД наредија евакуација на „стотици војници“ од базата Ал Удеида како превентивна мерка поради ескалацијата на тензиите, според извештаите. Сепак, американски функционер подоцна негираше дека имало евакуација од базата во голем обем.












