четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ Иран пред преговорите: „Прстите ни се на чкрапалото“

Иран пред преговорите: „Прстите ни се на чкрапалото“

63

Иранската војска соопшти дека „ги држи прстите на чкрапалото“ поради повеќекратното „кршење на довербата“ од страна на САД и Израел, објави Централната команда на Хатам ал-Анбија, според новинската агенција Тасним.

Военото тело додаде дека Иран нема да се откаже од Ормускиот теснец, врз кој ја презеде контролата.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека разговорите со САД не можат да започнат сè додека не се исполнат два клучни услови – прекин на огнот во Либан и ослободување на замрзнатите ирански средства.

„Двете мерки за кои страните меѓусебно се согласија сè уште не се спроведени – прекин на огнот во Либан и ослободување на замрзнатите ирански средства пред почетокот на преговорите“, напиша Галибаф во објава на мрежата X.

„Овие две прашања мора да се исполнат пред да можат да започнат преговорите“, рече тој, пренесе Index.hr.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, го предупреди Иран да не се обидува да ја „манипулира“ американската страна, нагласувајќи дека Вашингтон останува подготвен за преговори доколку Техеран пристапи кон дијалогот со добра волја.

Пред да замине за Исламабад на разговорите, Венс рече дека очекува конструктивен исход од разговорите, но нагласи дека ставот на американската страна ќе зависи од однесувањето на иранските претставници.

Според американските претставници, разговорите во Пакистан се дел од поширока дипломатска иницијатива насочена кон намалување на тензиите и евентуално завршување на конфликтот што трае повеќе од еден месец.

Покрај Венс, во делегацијата се и специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и советникот Џаред Кушнер.

ИЗДВОЕНИ