петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Иран постави нови услови за премин низ Ормутскиот теснец

Иран постави нови услови за премин низ Ормутскиот теснец

1797
Google maps

Во најновото соопштение, иранската мисија во Обединетите нации изјави дека бродовите можат да користат „безбеден премин“ низ Ормускиот теснец, „под услов да не учествуваат или да не поддржуваат акти на агресија против Иран и целосно да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедност и сигурност“.

На бродовите ќе им биде дозволено да минуваат низ теснецот „во координација со надлежните ирански власти“, според соопштението објавено на социјалните мрежи.

Иран претходно сподели слична изјава за статусот на теснецот со Меѓународната поморска организација (ММО), телото на ОН одговорно за безбедноста на меѓународниот поморски сообраќај.

Во своите соопштенија за медиумите, Техеран не објасни детално кои регулативи мора да ги следат бродовите за безбедно да се движат низ теснецот, низ кој нормално минуваат околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.

Изјавите на Иран доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се во тек преговори за прекин на војната меѓу САД и Израел против Иран, и покрај претходните негирања на Техеран дека се водат такви разговори.

ИЗДВОЕНИ