петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, со порака: Кризите да се решаваат...

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, со порака: Кризите да се решаваат со дијалог, а не со сила!

62

Сите жаришта  да се решаваат преку дијалог и преговори, а не со употреба на сила, истакнал кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, во телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, кој се случил на негово барање. Од кинеското МНР соопштија дека Ји ја повтори принципиелната позиција на Кина, дека е подобро да се разговара отколку да се војува.

-Ова е во интерес на Иран и неговиот народ и ги одразува заедничките стремежи на меѓународната заедница. Тој изрази надеж дека сите страни ќе ја искористат секоја можност за мир и што поскоро ќе го започнат мировниот процес. Кина ќе продолжи да се придржува до објективна и праведна позиција, да се спротивставува на нарушувањето на суверенитетот на други земји, активно да го промовира мирот и деескалацијата и да остане посветена на регионалниот мир и стабилност, стои во соопштението.

Од друга страна, Арагчи информирал за најновите случувања во регионот и ѝ се заблагодарил на кинеската страна за обезбедената итна хуманитарна помош.

-Тој истакна дека иранскиот народ е сѐ пообединет во отпорот против надворешна агресија и во заштитата на националниот суверенитет и независност. Иран е посветен на постигнување целосен прекин на непријателствата, а не само привремено примирје. Ормускиот теснец е отворен за сите, а бродовите можат безбедно да поминуваат, освен оние од земјите што учествуваат во конфликтот. Тој изрази надеж дека мерките преземени од сите страни ќе придонесат за деескалација на ситуацијата, наместо за нејзина ескалација. Иран очекува Кина да продолжи да игра позитивна улога во промовирањето на мирот и ставањето крај на конфликтот, соопштија од Минситерството за надворешни работи на Народна Република Кина.

ИЗДВОЕНИ