петок, јуни 26, 2026
Дома СВЕТ Иран: Го задржуваме правото на самоодбрана поради американските акции во Персискиот Залив

Иран: Го задржуваме правото на самоодбрана поради американските акции во Персискиот Залив

36

Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир-Саид Иравани, изјави дека Иран го задржува правото на самоодбрана и заштита на своите интереси поради, како што изјави, непријателските активности на САД во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец.

Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и до претседателот на Советот за безбедност, Иравани ги обвини Соединетите Американски Држави за „агресивни“ воени дејствија против два ирански танкери во близина на пристаништето Јаск и Ормутскиот теснец, како и за напади врз неколку локации во крајбрежните области на Иран, објави „Иран Прес ТВ“.

Според него, тие дејствија претставуваат кршење на прекинот на огнот прогласен на 8 април 2026 година, како и на член 2(4) од Повелбата на ОН, кој забранува употреба на сила против територијалниот интегритет и политичката независност на државите.

Иравани предупреди дека продолжувањето на ваквите активности може да има „катастрофални последици“ за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност, наведувајќи дека САД ќе бидат одговорни за каква било ескалација.

ИЗДВОЕНИ