четврток, ноември 12, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Надежта за мировни преговори ги намали цените на нафтата

Надежта за мировни преговори ги намали цените на нафтата

1

Глобалните цени на нафтата денес паднаа за повеќе од еден долар по барел, поттикнати од зголемените очекувања дека мировните преговори за конфликтите на Блискиот Исток и во Украина би можеле да доведат до напредок.

Цената на суровата нафта од типот „Брент“ од Северното Море се намали за 1,14 долари – односно за 1,2 отсто – на 91,62 долари за барел, додека цената на нафтата на американскиот пазар падна за 1,04 долари, исто така за 1,2 отсто, на 85,49 долари.

Аналитичарот Хиројуки Кикукава од „Nissan Securities Investment“ изјави дека падот на цените е резултат на очекувањата за можно примирје меѓу Русија и Украина, како и за спречување на ескалација на конфликтот во кој е вклучен Иран, а сето тоа во пресрет на самитот меѓу САД и Кина што ќе се одржи следната недела.

ИЗДВОЕНИ