понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ Инфлуенсерите блиски до Трамп го користат пукањето во Вашингтон за промоција на...

Инфлуенсерите блиски до Трамп го користат пукањето во Вашингтон за промоција на неговата балска сала

178
EPA/Yuri Gripas / POOL

Во хотелот „Вашингтон Хилтон“ во главниот град на САД се случи пукотница на настан на кој присуствуваше американскиот претседател Доналд Трамп, а инфлуенсерите блиски до неговото движење MAGA имаа интересна реакција на настанот.

По објавите дека Трамп досега беше цел на три обиди за атентат, десничарските инфлуенсери на социјалната мрежа X почнаа да објавуваат дека пукотницата е причина да се одобри изградбата на балска сала во Белата куќа.

Изградбата на балската сала е идеја што американскиот претседател ја презентираше претходната година и која веќе доведе до уривање на Источното крило на Белата куќа, но судија во Вашингтон го блокираше почетокот на изградбата поради процедурални недостатоци.

Дури и самиот Трамп, неколку часа по пукотницата, објави слична порака на Truth Social дека одлуката треба да се поништи и изградбата на балската сала треба да се дозволи, иако таков настан, како што е Вечерата на дописниците од Белата куќа, обично се одржува надвор од претседателската резиденција на САД.

Медиумите во САД објавија дека по пукањето, Министерството за правда на државата испратило барање до судот во Вашингтон да ја повлече одлуката и да ѝ дозволи на администрацијата на Трамп да продолжи со изградбата на балската сала, и покрај фактот дека сè уште нема дозвола од надлежните институции за овој потфат.

ИЗДВОЕНИ